Целиот свет со нетрпение го чека епилогот од ситуацијата во Украина, но ако погледнеме во минатото можеби некои од одговорите веќе ги имаат дадено српските пророци познати како Тарабиќ од Креман.
Тие не се единствените кои ја предвиделе оваа војна. Баба Ванѓа во своите предвидувања за 2022 година наводно го споменела и рускиот претседател Владимир Путин.
Бугарската пророчка со потекло од Македонија, за која се верува дека предвидела многу настани, имала предвидување и за оваа година.
Машинскиот инжинер и автор на книгата „Кремското пророштво“, Драган Пјевиќ и етнологот Јасна Јојиќ во емисијата „Пулс Србија“, на „Курир“ телевизија, на водителите Милица Марковиќ и Милош Анџелковиќ има кажале што древните пророци предвиделе за 2022 година и за украинската криза.
„Да речеме дека Креманското пророштво е едно од трите најголеми светски пророштва. Има висок меѓународен рејтинг и тоа му дава на тежина. Се занимава со светски и локални настани и судбини на држави. Со 100% сигурност знам дека секој американски генерал има преведено книга од Креманското пророштво. Токму ова што се случува во Украина може да се види и во книгите на Креманското пророштво. Јас ја почитувам баба Ванѓа, но невозможно е таа да ја има предвидено секоја година. Во книгата стои дека Русија ќе стане најмоќната сила на светот и дека сите ќе се борат за нејзиното пријателство“, рече Пјевиќ.

Јовиќ рече дека Нострадамус во 16 век предвидел дека во 2022 година, русокосиот ќе го победи човекот со седа коса, алудирајќи на Владимир Путин и Џо Бајден.
„Радозналоста која се наоѓа во тие пророштва ги интересира луѓето. Ние точно можеме низ историјата да видиме кога, кое пророштво настанало, сите народи си имаат свои пророци. Нострадамус во 16 век ги предвидел случувањата за оваа година, за разлика од баба Ванѓа и Тарабиќ. Тој рекол дека во 2022 година русокосиот ќе го победи човекот со седа коса, што може да се толкува и дека Путин ќе го победи Бајден, а дека Франција со својата милост ќе одреди колкава ќе биде штетата која русокосиот ќе му ја нанесе на човекот со седа коса“, рече Јојиќ.





