(Видео) Само чудо го спаси, моторџија преживеа тешка сообраќајка во Лос Анџелес

(Видео) Само чудо го спаси, моторџија преживеа тешка сообраќајка во Лос Анџелес

пред 2 години

Моторџија преживеа тешка сообраќајка која се случи на раскрсница во Лос Анџелес, пренесе „Дејли Мејл“. Додека чекаше на семафор, од спротивен правец се судрија црн џип „Лексус“ и голем сив камион. Полицијата рече дека „Лексусот“ бил украден и дека во несреќата возачот починал.

dobivaj vesti na viber

За среќа моторџија успеал да преживее. Несреќата се случила на автопат на Пацифичкото крајбрежје во јужна Калифорнија. Во тој момент црниот џип со полна брзина, директно удрил во сивиот камион, кој по ударот се превртел и удрил директно во моторџијата.

Во сударот загинал возачот на украдениот „Лексус“, кој удрил во насип од 30 тони во камионот. Автомобилот се запалил и експлодирал додека некои од присутните се обидувале да го извлечат возачот од него.

Моторџијата бил брзо пренесен во болница. Состојбата на возачот на камионот засега е непозната, но се верува дека и тој е во тешка состојба. „Лексусот“ бил украден еден час пред сообраќајката. Властите засега го немаат објавено идентитетот на починатиот.

 

 

Share
Scroll to Top