По пензионирањето, Серена Вилијамс реши да го живее животот максимално.Таа на својот Инстаграм објави фотографии и видеа од летниот одмор заедно со нејзиното семејство во Мексико.
Тенисерката во портокалов костим за капење ужива на јахта, но и во друштво на нејзината ќерка Олимпиа со која се возат во туристички автомобил и го разгледуваат ресортот.
Неодамна таасподели и како ужива во мајчинството заедно со ќерка сѝ на која и прави фризура.
Да потсетиме, тениската легенда Серена Вилијамс годинава се пензионираше по УС Опен. Како што изјавила за магазинот „Вог“, решила да се сврти кон нови работи во животот, а нејзината професионална кариера како тенисер не се вклопува со новите промени. Таа во споменатото интервју истакна и било тешко да си признала дека дошло време да го напушти тенисот.
„Знам дека многу луѓе со нетрпение чекаат да се пензионираат и посакувам и јас да се чувствувам исто“, рече таа тогаш.







