(Видео) Снимено НЛО како слетува на темната страна на Месечината

(Видео) Снимено НЛО како слетува на темната страна на Месечината

пред 2 години

На „Јутјуб“ каналот A very large “UFO”, е објавено видео од некакво летало како слетува на темната страна на Месечината. Слетувањето наводно се случило во 2019 година, пишува ufoholic.

На видеото се гледа бел објект како слетува на земјиниот сателит на место кое е често не може да се види од Земјата. Затоа местото е наречено и Темната страна на Месечината.

Засега нема дополнително објаснување или кој е изворот на видеото, но она што теоретичарите на заговор го истакнуваат е дека ова место на Месечината со години било жариште на активност на НЛО и бази на вонземјани.

„Некои луѓе дури тврдат дека САД и НАСА биле веќе предупредени никогаш да не патуваат на Темната страна на Месечината, поради она што се крие таму. Ако ме прашате ова видео е само доказ плус за тоа дека таму има некаква база на вонземјани. Местото не се вика така само затоа што е темно, туку затоа што секогаш гледа настрана од Земјата. Има груба површина со многу кратери вклучувајќи го и еден од најголемите во нашиот Сончев систем. Тоа е мистериозно место бидејќи не може да се види од Земјата“, велат теоретичарите.

Првите фотографии биле направени од вселенски сонди од 1959 година, а во јануари 2019 година, кинеското вселенско летало било првото кое слетало на таа страна. Постојат голем број мистерии кои се шират во јавноста за ова место.

Првата теорија е дека сите слетувања на Месечината се лажни, вклучително и неодамнешното кое го изведоа Кинезите. Втората теорија е дека слетувањето се случило, но она што навистина било видено е скриено од јавноста.

Радио емитувачот и автор Милтон Вилијам Купер тврди дека астронаутите на Аполо виделе НЛО на темната страна на Месечината во 1968 година, но биле замолачни да зборуваат на оваа тема.

Третата теорија е дека САД и Русија откриле база на вонземјани за време на Студената војна. И двете земји во тоа време размислувале да тестираат нуклеарно оружје токму на ова место.

Зборувајќи за базите на вонземјаните, биле направени фотографии од тунели на површината на Месечината. НАСА вели дека тие се направени од лава, но љубителите на НЛО велат дека тука има нешто и повеќе од тоа.

Во 1970 година двајца руски научници дошле до теорија дека Месечината е шуплив сателит создаден од интелигентна вонземска раса. Теоријата добила уште повеќе на публицитет кога од повеќе извори се слушале звуци слични на оние кои ги произведува метално ѕвоно, па теоријата за шупливост се видела како доста веројатна.

Share
Scroll to Top