(Видео) Со години бев Ќиро педеру, ама не сфаќаа дека за мене тоа е комплимент: тренерот на сите тренери, и покрај борбата со ракот, не го загуби духот

(Видео) Со години бев Ќиро педеру, ама не сфаќаа дека за мене тоа е комплимент: тренерот на сите тренери, и покрај борбата со ракот, не го загуби духот

пред 3 години

Легендарниот тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ неодамна објави дека му се вратил ракот и дека дијагнозата е тешка затоа што метастазирал. Но, и покрај болеста, заради која сигурно не му е лесно, Ќиро даде интревју за RTL Direkt, па и покрај лошата дијагноза, тој со својот дух и со пцовките, успеа да ги насмее сите.

„Денес имам една филозофија која се наметна, а тоа е дека си заминувам. Јас се помирив со тоа. Сите ми викаат, бори се Ќиро, а јас кога и да одам на преглед, постојано некои нови метастази. Ќе продолжам да се борам“, вели тренерот на сите тренери во интервјуто за РТЛ.

Во резговорот вели: „Го гледам натпреварот во Сплит, кога играше Хрватска, и сè ме боли и морам да го испијам апчето, и пред да го земам даваме гол, Русите даваат, се колнам во мајка ми Ката, ништо повеќе не ме боли“, рече низ смеа Блажевиќ.

Дека не го загубил духот, па измами насмевки додека низ центарот на Загреб се шеташе со новинарката, низ разговорот ѝ рече: „Со години слушав како викаат Ќиро педеру, ама никогаш не сфатија дека тоа за мене беше комплимент. Па, тие се уметници, музичари сè тоа. Цела трибина ечи на на глас, Ќиро педеру… Еве ме, тука сум. Ех, сега ми недостига тоа“, се шегува Блажевиќ. И додава дека и покрај епитетот кој го носи, секогаш само убави жени се вртеле околу него.

Тој и неговата сопруга Зденка се во брак 60 години, имаат три деца и пет внуци. „Сега ќе ти кажам, сум бил со многу малку жени. Имам машки хендикеп, не можам да бидам со жена ако не ја сакам и оваа мудрост се обидов да им ја пренесам на фудбалерите, ама не ме послушаа“, раскажува тој.

Неговата омилена фудбалска победа е од ’82 година, кога со Динамо го освои југословенското првенство, но вели дека треба да се заборави на таа југоносталгија.

„Денес го сакам Загреб од многу причини. Загреб е чаршија, но светска. Многу сум горд на градот и себеси што имав можност да купам стан каде што го гледам Загреб од прекрасна перспектива“, вели Ќиро.

Сепак, тој не го доби прекарот „тренер на сите тренери“ туку така, а успехот во ’98 година не беше само бронзен.

„Никогаш никому не сум го покажал тоа досега. Еве, ова признание го добив од УЕФА и на него пишува ‘тренер на сите тренери’ (choaches choach). Ако некој се уште се сомнева. Да, јас бев трет во светот, но прв тренер. Сите се прашуваа како може да сум јас, кога Франција е прва. Комисијата соопшти дека работата на тренерот најмногу се гледала кај хрватскиот тим“, се сеќава Ќиро.

Со своите 87 години тој е уште на нозе и се гордее со сè што постигнал.

„Ако треба да си заминам, не ме жалете, јас си ги остварив младешките соништа. Сите мои врсници веќе си заминаа, нема да останам само јас“, рече тој.

Share
Scroll to Top