(Видео) Софија Вергара како тинејџерка со другарките се журка на концертот на Карол Џи

(Видео) Софија Вергара како тинејџерка со другарките се журка на концертот на Карол Џи

пред 1 година

Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, Софија Вергара објави серија фотографии и видеа од нејзиното саботно вечерно излегување на стадионот Роуз Боул во Пасадена, Калифорнија.

За концертот, колумбиската актерка носеше целосно црна облека со искинати фармерки и мрежест корсет. Таа присуствуваше на настанот со нејзината внука Клаудија Вергара, братучетката Марија Вергара и пријателката Паулина Вега.

На едно од видеата објавени на Инстаграм, Софија танцува во толпата додека популарната пејачка го изведуваше хитот Don’t Be Shy.  51-годишната Софија позираше со своите пријателите и под фотографиите напиша „Тимот на Гриселда“, што е референца за нејзината серија на Нетфликс „Гриселда“ во која глуми и пејачката Карол Џи.

Инаку, последниве неколку недели порталите се преполни со наслови за разводот на популарната актерка и актер Џо Манганиело. Тој поднел барање за развод, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина за нивната разделба. Имено, 2 јули бил наведен како датум на разделба. Сепак, повеќе извори изјавија за „Пејџ сикс“ дека двајцата живеат одвоени животи многу, многу долго време. Иако Вергара и Манганиело не ги открија конкретните причини што довеле до разделбата, повеќе извори велат дека тоа има врска со неговата желба да има деца.

Share
Scroll to Top