(Видео) Српската пејачка посекси од кога било: ги излуди сите со својот „Џеј .Ло“ стајлинг

(Видео) Српската пејачка посекси од кога било: ги излуди сите со својот „Џеј .Ло“ стајлинг

пред 5 часа

Познатата српска пејачка Милица Павловиќ ги воодушеви сите на својот последен настап во Белград кога уште еднаш покажа дека секогаш дава максимум кога е во прашање работата.

Со оглед на тоа што секогаш сме навикнати на провокативните костими на Милица, таа не разочара ниту овој пат. Убавата пејачка веќе неколку пати нè остави без здив, а нејзините фотографии во бикини беа главна тема цело лето.

Сега, Милица го замени бикинито со ефектен комбинезон во боја на кожа со црни детали преку интимните делови од телото. Покрај тоа, беше покриен и со мали циркони, па сето тоа потсетуваше на познатите комбинезони на Џеј Ло на сцената.

Својот сценски моден аутфит го комплетираше со „мрежести“ потпетици, а долгата коса ја и беше извиткана.

Пејачката имаше истакнати очи, но не претеруваше, па овој пат нејзината природна убавина беше во центарот на вниманието.

Share
Scroll to Top