Зендаја веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста, и поради нејзиниот нов филм „The Drama“ и поради нејзиниот мистериозен брак со Том Холанд.
Фотографите од странските медиуми го следат секој нејзин потег, па затоа не е изненадувачки што и овој пат ја „фатија“ среде бел ден.
Имено, актерката неодамна беше фотографирана на улиците на Њујорк, а го привлече вниманието на јавноста, како и на модните критичари, со својата шик комбинација. Таа носеше фустан од твид кој комбинира софистицирана мода со смели модни детали.
Поточно, горенаведените детали се однесуваат на пердувите во долниот дел од креацијата, кои на елегантниот твид му дадоа смела, дури може да се каже и модерна нота.
Зендаја го комплетираше својот стајлинг со бели чевли и минимална шминка во земјени тонови што ја нагласуваа нејзината природна убавина. Ги поздрави љубопитните фотографи со блескава насмевка, но и нереална модна комбинација.






