(Видео) Тадиќ го пцуеше Нејмар за фолирање, капитенот на Србија ги изгуби нервите на мечот со Бразил

(Видео) Тадиќ го пцуеше Нејмар за фолирање, капитенот на Србија ги изгуби нервите на мечот со Бразил

пред 2 години

Капитенот на Србија, Душан Тадиќ, ги изгуби нервите на натпреварот на Светското против Бразил. Тој го пцуеше Нејмар за фолирање на теренот. Српскиот тим изгуби од еден од фаворитите на мундијалот со 2:0, но српскиот капитен особено го изнервира бразилската ѕвезда и играч на Пари Сен-Жермен.

dobivaj vesti na viber

Нејмар често се тркалаше на земјата и ги нервираше противничките играчи. Многумина сметаат дека имало фаули над него, но дека и неговата глума ги нервирала сите. Така беше и во 60. минута кога беше направен фаул врз него.

„Станувај бре, маме ти е**м“, му викна Тадиќ на Нејмар.

За потсетување, Бразилците сега би можеле да останат без својата главна ѕвезда. Нејмар се пожали на повреда по еден од поострите стартови и го напушти теренот во 79. минута кога беше заменет со Ентони. На една од фотографиите по мечот, изгледа како зглобот да му е отечен, па ќе се чекаат дополнителни прегледи.

Поради повредата, Нејмар би можел да пропушти некои од натпреварите на Свевтското, а Тите и соиграчите стравуваат од посериозна повреда.

Share
Scroll to Top