(Видео) Тамара Грујевска од Гостивар освои „Гран при“ на музички фестивал во Русија

(Видео) Тамара Грујевска од Гостивар освои „Гран при“ на музички фестивал во Русија

пред 3 години

11 годишната Тамара Грујевска од Гостивар ја освои највисоката награда Гран При на Интернационалниот музички фестивал во Русија, Golden Stars Rain. Таа доби највисоки оценки од жирито за нејзиниот настап.I have nothing од Витни Хјутон и евровизиската песна „Црно и бело“ на Калиопи беше изборот на малата Тамара која на себе носеше креации од најдобриот македонски моден креатор Златко Јовановски.За потсетување, фестивалот се одржува од 31 јануари до 6 февруари, а во него учествуваат околу 150 натпреварувачи од целиот свет. Тамара е единствен претставник од Македонија.

Share
Scroll to Top