(Видео) Танцот на Ентони Хопкинс стана хит, потсети на филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“

(Видео) Танцот на Ентони Хопкинс стана хит, потсети на филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“

пред 2 години

Глумецот Ентони Хопкинс повторно ги забавуваше фановите со ново видео како танцува. Хопкинс кој има 84 години долго време споделува вакви слични видеа со неговите 3,4 милионите фанови на „Инстаграм“. На последното е облечен во хавајска кошула и носи шешир на главата.

dobivaj vesti na viber

„Ова може да биде една од сцените на Ханибал. Дали навистина си ти тоа со шеширот?. Ова ме тера да размислувам за филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“. Среќен сум, но истовреме и исплашен“, му напишаа некои од нив.

Славниот глумец се обидува да биде во тек со актуелните трендови, па за време на пандемијата отвори и профил на Тикток. Тој е активен и во глумечката професија. Минатата година го освои вториот Оскар во кариерата за одличната улога во филмот „Татко“.

Тој стана најстариот добитник на оваа престижна филмска награда во историјата на доделувањето.

Share
Scroll to Top