Укриански делегат удри со тупаница руски делегат, затоа што го одзел укрианското знаме што се обидувал да го вметне во кадар за време на видеообраќањето на највисоката руска делегатка во Анкара.
Инцидентот се случил во ходникот на зградата на парламентот, каде што во четвртокот се одржувала 61. генерално собрание на Организацијата за црноморска економска соработка, на кое присуствувале делегации од 13 земји.
Украинскиот делегат Олександр Мариковски го удрил со тупаница в лице рускиот делегат, кој му го одзел украинското знаме што тој се обидувал да го вметне во кадарот во текот на видеообраќањето на највисоката руска делегатка во Анкара.
Тензиите меѓу Русите и Украинците се зголемени на самитот поради војната во Украина предизвикана од Русија, која се прошири на големите градови, како Киев, Керсон, Одеса и Бахмут.
Мариковски објави видео од инцидентот на својот профил на „Фејсбук“ проследено со текстот: „Понастрана шепите од нашето знаме, понастрана шепите од Украина, руска гнасо!“
Слична физичка пресметка се случи и за време на самитот кога Ола Тимофеева, пратеник во руската државна Дума од партијата Единствена Русија, се обидувала да му се обрати на собранието, пренесува „Анадолија“.
🥊 In Ankara 🇹🇷, during the events of the Parliamentary Assembly of the Black Sea Economic Community, the representative of Russia 🇷🇺 tore the flag of Ukraine 🇺🇦 from the hands of a 🇺🇦 Member of Parliament.
The 🇺🇦 MP then punched the Russian in the face. pic.twitter.com/zUM8oK4IyN
— Jason Jay Smart (@officejjsmart) May 4, 2023