(Видео) Турска новинарка реши да зборува на македонски за интервју со Пандев

(Видео) Турска новинарка реши да зборува на македонски за интервју со Пандев

пред 3 години

Турската новинарка Сејхан Шашко му направи интервју на Горан Пандев на македонски јазик. Таа има потекло од Охрид, па го изненади поранешниот капитен со прашањата што му ги постави на македонски.

Интервјуто со Пандев беше за телевизискиот гигант „Беин Спортс“, станицата која е во сопственост на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи. Тие имаат глобална мрежа на спортски канали во 13 земји на четири континенти и оди во етер на арапски, англиски, шпански, француски и турски јазик.

Таа претходно му направи интервју и на селекторот Игор Ангеловски, но на тоа интервју Сејхан зборува на англиски.

Share
Scroll to Top