(Видео) Турскиот актер Џан Јаман ја запроси бившата на Ибрахимовиќ, со транспарент од авион

(Видео) Турскиот актер Џан Јаман ја запроси бившата на Ибрахимовиќ, со транспарент од авион

пред 6 години

Турскиот актер Џан Јаман ја запроси својата девојка, спортската новинарка, Дилета Леота, со која е кратко време во љубовна врска. Џан ја испиша понудата на транспарент, кој се вееше од задниот дел на авионот, кој леташе над Рим, неколку часа.

На Денот на вљубените, додека двајцата беа во италијанскиот ресторан Торе Нормана, во Рим, над ресторанот прелета авион, со транспарентот: „Дилета, ќе се омажиш ли за мене? Те сакам, Џан“.

Турските медиуми ја споделија и првата фотографија од свршеничкиот прстен на Леота и објавија дека е со цена од 40 000 евра. Од таму известија дека двојката планира да ја организира својата венчавка на Сицилија, родното место на Леота.

Дел од тамошните медиуми објавија дека,  иако се кратко време заедно, избрзаната понуда за брак е затоа што Дилета е бремена.

Јаман, кој во Италија, склучи договор со една од водечките продуцентски куќи, ќе има улога во серијата наречена „Сандокан“. Во серијата од 10 епизоди, славниот актер ќе добие 100 илјади евра од епизода.

Дилета Леота, која како спортски новинар работи долго време, претходно беше во врска со напаѓачот на Милан, фудбалерот Златан Ибрахимовиќ.

Share
Scroll to Top