(Видео) Убава си, згодна си, ама не слушаш што ти зборувам, и рече Путин на американската новинарка

(Видео) Убава си, згодна си, ама не слушаш што ти зборувам, и рече Путин на американската новинарка

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше убавата и згодна американска новинарка затоа што не го слуша тоа што тој го кажува за гасната криза во Европа.

Путин ја обвини новинарката на Си -Ен -Би -Си, Хедли Гембл, дека се преправала дека не слушала што и рекол додека го испрашувала за испораките на руски гас во Европа.

За време на јавното интервју на панелот на Неделата на руската енергија во Москва, рускиот претседател навести дека може повторно да се кандидира за претседател и да остане на власт до 2036 година.

Тој нагласи дека Русија ќе доставува гас за Европа, како и секогаш, дури и за време на Студената војна, и ги отфрли критиките дека намерно ја предизвикала кризата и дека го користела гасот како политичко оружје како целосна глупост.

За време на интервјуто, Путин ја задеваше Хедли Гембл и во еден момент се сврте кон публиката и рече: Убава жена, убава, јас и кажувам едно, таа ми кажува нешто сосема спротивно, како да не слушна што кажав. Па, пак ќе ти кажам.

Во тој момент, Гембл реагираше и му рече на рускиот претседател дека го слуша и коментира дека на Русите им требало многу време да се заинтересираат за снабдувањето со гас и гасната криза.

 

Путин одговори дека САД и останатите снабдувачи се тие кои ги намалиле испораките на гас во Европа. Ако ни побараат да ги зголемиме испораките, ние ќе го направиме тоа. Ќе ги зголемиме колку што ќе побараат нашите партнери од нас. Никогаш не сме ги одбиле, рече Путин.

Тој како будалаштини ги отфрли тврдењата дека северен ток 2 е политичко оружје и додаде кога гасоводот ќе биде отворен значајно ќе се намали цената на природниот гас.

Share
Scroll to Top