(Видео) Ученик се тепаше со наставник на час за мобилен телефон

(Видео) Ученик се тепаше со наставник на час за мобилен телефон

пред 2 години

Тепачка меѓу наставник и ученик е снимена со мобилен во понеделникот во Техничкото, технолошко и земјоделско училиште во Смедерево, во Србија. Тепачката се случила на часот по математика откако наставникот не дозволул на ученикот да користи телефон. Друг ученик го снимил целиот инцидент.

Наставникот не успеал да му го земе мобилниот, па го напуштил часот и излегол надвор.

Директорот на училиштето Миладин Виторовиќ, рече дека инцидентот се случил во понеделникот на 27 февруари и додаде дека причината за тепачката била мобилниот. Наставникот дал изјава пред надлежните во училиштето, а за ученикот е закажано сослушување.

Заседавал и Тимот за заштита од дискриминација, насилство, злоупотреба и занемарување, кој треба да ги испита деталите. Информиран надлежниот орган на Министерството за образование на Србија.

Share
Scroll to Top