(Видео) Училиште во Италија дочека две деца бегалци од Украина, ги поздравија со громогласен аплауз

(Видео) Училиште во Италија дочека две деца бегалци од Украина, ги поздравија со громогласен аплауз

пред 3 години

Повеќе од 200 луѓе, ученици и наставници од институтот „Дон Милани“ во Неапол се собрале за да дочекаат двајца нови ученици – момче и девојче кои биле присилени да побегнат од Украина.

Во моментот кога 10-годишниот Дмитриј и 8-годишната Викторија се појавиле на вратата, ги дочекал громогласен аплауз, а остатокот од децата околу нив во знак на поздрав мавтале со украински знамиња.

„Пристигнаа нервозни, но нема да верувате што направиле италијанските ученици…“, стои во описот на видеото на Твитер.

Ваквата сцена воодушеви многумина, а луѓето под снимката коментирале дека нивните нови пријатели сигурно им го разубавиле денот на малите Дмитриј и Викторија.

Инаку, помеѓу повеќе од 2,2 милиони Украинци кои побегнале од своите домови откако Русија изврши инвазија на нивната земја, 35.000 од нив пристигнале во Италија.

Минатата недела, едно училиште во Италија приредило роденденска забава за две украински сирачиња кои биле исто така принудени да ги напуштат своите домови, пишува „Daily Mail“.

Share
Scroll to Top