(Видео) Фолк пејачот Цаки Кисми за 20 евра дневница разнесува дрва оти од музика не се живее

(Видео) Фолк пејачот Цаки Кисми за 20 евра дневница разнесува дрва оти од музика не се живее

пред 3 години

Малкуте настапи и свирки кои ги имаше фолк-пејачот Сашо Нојкиќ во изминатиот период, го натераа да одмори од пеењето и да почне да со друга работа. Тој објави видео и рече дека сега почнал да разнесува дрва. Секој кој сака може да го ангажира, а 20 евра му е дневница.

„После изедени 20 ќебапи спремен сум за работа. Инаку 20 евра дневница е. Кој сака може да ме најми за работа“, рече Нојиќ кој е познат како Цаки Кисми.

Инаку Цаки е познат фолк-пејачи кај анс кој го нарекуваат кралот на кафаните. Зад себе има број хитови, а освен во Македонија, редовно настапува и во дијаспората.

Share
Scroll to Top