Принцот Хари во костим на Спајдермен им испрати предновогодишна божиќна порака на децата чии родители починале во војна.
Пораката ја испрати преку фондацијата Scotty’s Little Soldiers која е основана за поддршка на овие деца. Хари сними и видео маскиран во омилениот лик на „Марвел“, Спајдермен, а лицето го откри пред самиот крај на снимката.
„Божиќ е време кога најмногу ни недостигаат нашите сакани и тоа е нормално. Дозволено ви е да се забавувате како никогаш досега“, рече Хари.