(ВИДЕО) Хајди Клум на раб на моден скандал: еден чекор ја делеше од „премногу“ на црвениот тепих

(ВИДЕО) Хајди Клум на раб на моден скандал: еден чекор ја делеше од „премногу“ на црвениот тепих

пред 2 часа

Познатата германска манекенка Heidi Klum повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста, откако се појави на премиерата на филмот The Devil Wears Prada 2 во Њујорк во исклучително смело и провокативно модно издание кое за малку ќе резултираше со модна незгода.

Клум, која е редовна ѕвезда на црвените теписи, овојпат одлучи да се појави сама, без придружба, очигледно со намера да биде во центарот на вниманието. Таа носеше долг, широк фустан со необичен крој, кој наликува на „вреќеста“ силуета, но истовремено беше исклучително провокативен поради отворените странични делови и длабоките процепи.

Токму тие детали создадоа моменти во кои изгледаше дека е доволен само еден погрешен чекор за да се открие повеќе отколку што треба. Горниот дел од фустанот беше тесен, додека страничните отвори ги нагласуваа нејзините облини, што веднаш предизвика бурни реакции кај присутните и на социјалните мрежи.

И покрај ризикот од моден гаф, манекенката успеа да го задржи стајлингот под контрола и самоуверено позираше пред фотографите, привлекувајќи бројни погледи и коментари. Дел од публиката ја пофали нејзината храброст и самодоверба, додека други сметаат дека ваквиот избор бил на граница на вкусот.

Хајди Клум е позната по тоа што често експериментира со модата и не се плаши да провоцира, па ваквите настапи не се ништо ново за неа. Со овој изглед таа уште еднаш покажа дека знае како да го задржи вниманието на јавноста и да остане една од најкоментираните личности на секој црвен тепих.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Share
Scroll to Top