Неколку ноќи по ред човек облечен во бела мантија ги плаши кавадарчани на влезот од патеката кај споменикот „12-те деца“. Како што велат очевидци, човекот ги плаши жителите на овој град затекнати во овој реон, често игра и се врти, а на моменти фрла и камења кон присутните.
На социјалните мрежи е објавено видео од овој настан, а граѓаните реагираат и прашуваат за што станува збор – дали се во прашање некои пагански обичаи или, пак, некој само сака да ги заплаши оние што пешачат на патеката.
Сепак, и покрај вознемиреноста, никој сè уште не го пријавил во полиција.
Според раскажувањата на жителите во градот, во тој реон многу често во ноќните часови се собираат и наркомани и важи за нивно дувло.