(Видео) Шекеринска леташе со параглајдер во Маврово: Ми требаа 20 години за ова

пред 3 години

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска леташе со параглајдер за време на меѓународниот натпревар „Маврово Опен“. Таа леташе со помош на инструктор, а вели дека дваесет години и требало да собере храброст за оваа работа.

„Дваесет години се обидував да најдам храброст за оваа прилика и сега ми е криво што тоа не сум го направила порано. Секому го препорачувам и во поглед на убавината овде во Маврово и во поглед на адреналинот. Но, треба да се оди во сигурни трац“, рече министерката. Таа кажа и дека не и било страв, затоа што се било добро организирано.

Share
Scroll to Top