Вечерва на МРТ во 20:15 почнува новата, пета сезона, на хит-серијата „Преспав“. Освен сите сплетки, интриги, љубовни проблеми и по некој турист со многу хумор, пристигнува и вакцината против Ковид-19.
„Иимам ексклузива, ја откривме вакцината против короната кај нас во пансионот, ама тоа набргу ќе го видите“, ни откри неодамна Дритон Вејсели, или Талат, еден од имилените ликови во јавноста.
Во хит-серијата, во која повторно игра цела постава актери, се врати и актерот Владо Јовановски, кој прв го играше Миле Бузалевски. Потоа него го замени Игор Џамбазов. Актерката Наташа Петровиќ, која игра масерка, е новиот лик во пансионот. А тука е и Тања Кочовска, која во ликот на Стојне е бившата жена на Миле Бузалевски. Гледајте го официјалното видео: