Браќата на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, Немања и Страхиња, отворија Твитер профил и му се заканија на НБА играчот на Мајами, Маркиф Морис, за неговиот неспортскиот потег на НБА мечот меѓу Денвер и Мајами.
Играчот на Мајами, Морис, грубо го фаулираше Јокиќ, по што Србинот изгуби контрола и неспортски му врати буткајќи го на паркетот. По инцидентот судиите го исклучија Јокиќ од натпреварот.
Јокиќ рече дека реагирал инстиктивно и дека само сакал да се заштити себе си во дадената ситуација. Прво се закани братот на Маркус, кој му порача на Јокиќ дека ќе го чека за следната пресметка на теренот.
Веднаш потоа реагираа и следеше одговор од браќата на Јокиќ, Немања и Страхиња, кои му порачаа на Маркус дека и тие ќе го чекаат.
„Требаше да ги оставиш работите какви што се, наместо јавно да му се закануваш на нашиот брат. Твојот брат прв направи валкан потег. Ако решиш да одиш чекор повеќе, биди сигурен дека ние ќе те чекаме“, му порачаа тие на Твитер.
Истиот твит го пренесе агентот Мишко Ражнатовиќ, а објавата беше проследена и од добро познатиот новинар од Денвер Поуст, Мајк Сингер.
Jokic shouldered Morris after hard foul. ?? pic.twitter.com/iEBliywhFM
— House of Highlights (@HoHighlights) November 9, 2021