Најпопуларниот тиктокер во светот Хаби Ламе и фудбалерот Златан Ибрахимовиќ заедно се дружеа во Италија. Тиктокерот објави видео на неговиот профил заедно со фудбалерот и досега го погледнале милиони луѓе.
Хаби се обидел да го исплаши Ибрахимовиќ со филтер на кој додека тој гледа во камера зад него се појавува непознат човек.
„Никој не може да го исплаши Златан“, гласи описот на видеото на TikTok.
За потсетување, Хаби неодамна го симна тиктокерот Чарли Д’Амелио од тронот на најследена личност на платформата за споделување на социјалните видеа и стана најследен профил на Тик Ток.
Хаби моментално има 147,7 милиони следбеници и е активен на Тик Ток од април 2021 година.
@khaby.lame Nobody can scare Zlatan ? #learnfromkhaby #learnontiktok #ibrahimovic #zlatanibrahimovic @tiktok @tiktokcreators ♬ Lawsy Hotel – lawsy