Викенд-хороскоп: Шкорпијата е подготвена на ризик, Рибите ги чекаат промени

Викенд-хороскоп: Шкорпијата е подготвена на ризик, Рибите ги чекаат промени

пред 3 години

ОВЕН

Кога станува збор за заработката, ве очекуваат некои проблеми, можеби ќе имате некои задоцнувања на исплати. Чувствувате многу силна поврзаност со личноста што ви се допаѓа и сакате односот да прејде на повисоко ниво. Добро би ви дошло опуштање.

БИК

За да се докажете на работното место, потребно е подобро да се организирате и да поработите на својот имиџ. Не се чувствувате доволно опуштени покрај личноста што ви се допаѓа и имате трема. Можна е минлива главоболка.

БЛИЗНАЦИ

Сите обврски ќе мора да ги завршите сами бидејќи нема да може да се потпрете на соработниците. Можно е да запознаете нова личност сосема спонтано и неочекувано. Внесувајте магнезиум.

РАК

Успеавте да ги остварите своите планови и задоволни сте. Верувате во себе и сметате дека може да напредувате. Ви се отвораат можности за нова врска. Се чувстввате подготвени за нова љубов. Можна е мала вкочанетост во грбот.

ЛАВ

Периодот што доаѓа може да ви донесе многу позитивни деловни промени и нови можности. Денес ќе ѝ покажете на саканата личност дека ви значи и дека сакате да ја поминете иднината со неа. Одлично здравје!

ДЕВИЦА

Викендов се чувствувате демотивирано и не ви е лесно да соберете сила да се посветите на работата. Многу сте задоволни со секојдневието што го делите со саканата личност и не сакате ништо да менувате. Проблеми со крвната слика.

ВАГА

Може да очекувате дека без посебни компликации ќе ги завршите деловните обврски и работни задачи. Викендот ќе биде исполнет со љубов и нежност. Може да очекувате позитивни случувања на ова поле. Здравјето е во ред.

ШКОРПИЈА

Размислувате за нова работа и не сте сигурни дали е вистински момент за ризик. Подобро да почекате уште малку. Ќе водите важен разговор со личноста што ви се допаѓа. Покажете дека сте подготвени за промени. Внимавајте што јадете.

СТРЕЛЕЦ

Им се посветувате на обврските со леснотија и задоволни сте од она што го постигнувате. Имате силна мотивација. Во периодот што доаѓа ќе успеете да остварите подобра комуникација со личноста што ви се допаѓа. Можна е главоболка.

ЈАРЕЦ

Во текот на викендот нема да можете да резимирате некои работи на деловно поле. Ќе бидете задоволни од резултатите од завршената работа. Размислувајте повеќе за чувствата на вашиот партнер и ќе видите каде грешите. Проверете ја состојбата на хормоните.

ВОДОЛИЈА

Вашите очекувања можеби сега не се сосема реални. Потрудете се да ги согледате околностите од сите агли. Не сакате да го расипете односот со саканата личност, па некои информации засега ги оставате настрана. Вртоглавица.

РИБИ

Работното опкружување би можело да биде противнички настроено кон вас. Доаѓа време за некои промени. Развивате нови емоции кон нова личност и задоволни сте бидејќи се буди љубов во вас. Добро се чувствувате.

Share
Scroll to Top