Викторија Бекам поминала низ пекол: „Ме мереа во живо во емисија откако се породив“

Викторија Бекам поминала низ пекол: „Ме мереа во живо во емисија откако се породив“

пред 15 часа

Новата серија на Нетфликс за Викторија Бекам открива претходно непознати детали од нејзиниот личен и професионален живот.

Таа неодамна откри зошто одлучила да ги отстрани силиконските импланти што ги имала во 90-тите, а сега проговори и за својата долгогодишна борба со нарушување во исхраната.

Како што истакна, болеста предизвикала да го изгуби чувството за реалност, сè по распадот на Спајс Грлс во 2000 година.

Лагата стана вистина

„Кога имате нарушување во исхраната, станувате многу добри во лажењето, а јас никогаш не бев искрена за тоа со моите родители“, започна Викторија.

„Никогаш не сум зборувала за тоа јавно. Навистина ве погодува кога луѓето ви велат дека не изгледате доволно добро. Претпоставувам дека тоа ќе ме следи до крајот на мојот живот.“

Поранешната членка на Спајс Грлс, позната како „Пош Спајс“, призна дека е под влијание и на натписите што се појавуваат во врска со нејзиниот изглед.

„Бев сè, од Порки Пош до Скини Пош. Мислам, знаете, многу е и тешко е. Немав контрола врз тоа што се пишуваше за мене и врз сликите што беа направени. Можев да ја контролирам мојата тежина, и ја контролирав на неверојатно нездрав начин“, рече дизајнерката.

Ја мереа во живо во емисија

Таа, исто така, се присети дека се мерела на национална телевизија во 1999 година, само шест месеци откако го роди своето прво дете, синот Бруклин, со сопругот Дејвид.

„Сè уште се смееме и се шегуваме за тоа денес, но јас бев навистина премногу млада“, забележа таа, а потоа нејзиниот сопруг Дејвид се вклучи:

„Луѓето мислеа дека е во ред да се критикува жена за нејзината тежина, а на телевизија се случуваа работи што веројатно денес не би биле нормални.“

Викторија призна дека токму тогаш почнала да се сомнева во себе и да се чувствува грдо. Тогаш почнала да го губи чувството за реалност.

Наскоро станала сè покритична кон сопственото тело, бидејќи не ѝ се допаѓал одразот во огледалото. Претходно, извори блиски до актерката ги потврдија овие зборови за „Page Six“ – дека таа била под притисок.

„Изгледот на Викторија и нејзината тежина беа под големо внимание. Мислам дека јавноста ќе разбере низ што поминала до одреден степен“, коментира изворот.

Поранешната поп-ѕвезда првпат зборуваше за своите тешкотии во својата автобиографија „Learning to Fly“. Иако сега ги регулира своите навики во исхраната, сепак има едно нешто што го избегнува.

„Не сум јадела чоколадо од 90-тите“, откри таа кога Дејвид ја праша дали сака парче чоколадо.

фото: принтскрин

Share
Scroll to Top