Викторија јаде ист оброк 25 години, Дејвид Бекам откри приватни детали за сопругата

Викторија јаде ист оброк 25 години, Дејвид Бекам откри приватни детали за сопругата

пред 1 година

Викторија и Дејвид Бекам се во брак со децении, имаат четири деца и делат вила во Лондон вредна 31 милион фунти. Но, едно нешто што никогаш не го споделуваат е храната.

Како што рече поранешниот фудбалер во едно интервју, тој ужива во добра храна, за разлика од Викторија која јаде ист оброк веќе 25 години.

„Кога станува збор за храната и виното, јас сум многу емотивен. Кога нешто ми се допаѓа, сакам сите да го пробаат“, рече Дејвид во подкастот River Cafe Table 4.

„За жал, во брак сум со некој кој јаде исто 25 години. Од кога ја познавам, на чинијата секогаш има печена риба и парен зеленчук. Речиси никогаш не отстапува од тоа“, рече Бекам и додаде дека само еднаш делеле храна од чинијата и тоа кога била бремена.

„Единствен пат кога ми извади нешто од чинијата беше кога беше бремена со Харпер. Само тогаш. Тоа беше нешто неверојатно за мене. Но, оттогаш, никогаш повеќе“, рече Бекам, а пренесе „Мирор“.

Share
Scroll to Top