Вино и љубов: Помеѓу Свети Трифун и Свети Валентин

Вино и љубов: Помеѓу Свети Трифун и Свети Валентин

пред 10 месеци

Четиринаесетти февруари на некој начин ги обединува христијаните – додека православните верници го слават Свети Трифун, римокатолиците овој ден го поврзуваат со Свети Валентин.

Според преданието, свети Трифун е роден во селото Кампсади во Фригија, во сиромашно семејство и бил многу благочестив уште од најраното детство.

Како дете времето го поминувал во чување гуски, а од Бога добил „дар на чудотворство и исцелување“, па во текот на својот живот исцелил многу болни, од многу луѓе избркал демони и им помагал на оние што му се обраќале за помош.

Се прославил така што ја излечил ќерката на римскиот император Гордиј, по име Гордијана, од ментална болест, за што царот огромно го наградил.

Трифун им го поделил  целото богатство на сиромашните и продолжи да ги чува гуските. Бил погубен за време на царот Декиј, прогонителот на христијаните, затоа што не сакал да се откаже од својата вера. Погребан е во родното место.

Денеска Свети Трифун го слават еснафите, лозарите. Се верува дека тој е чувар на растенијата и дека на 14 февруари природата почнува да се буди од зимскиот сон, со будењето на љубовта кај луѓето.

Свети Валентин бил епископ и маченик кој живеел во 3 век.

Бил погубен со обезглавување во 269 година, за време на владеењето на римскиот император Клавдиј II. Царот Јулиј I изградил базилика над неговиот гроб во IV век, а во 15 век овој светител се поврзувал со празникот на вљубените – Денот на вљубените, кој се одржува до денес.

До 1969 година, Римокатоличката црква го прославуваше 14 февруари како Ден на Свети Валентин. Но, тој датум е избришан од католичкиот календар поради желбата да се намали бројот на светите денови за оние светци за кои немало историски факти за поврзаност на одреден ден и светец.

И покрај тоа, прославата на Денот на вљубените стана и останува популарна и кај православните и кај римокатолиците, што е поврзано и со бумот на потрошувачкото општество.

Се верува дека на тој ден во светот се продаваат најмалку десет милиони производи, кои се сметаат за симбол на љубовта, како честитки, цвеќиња, парфеми.

Текстот Вино и љубов: Помеѓу Свети Трифун и Свети Валентин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top