Влада Урошевиќ ќе ја чита својата поезија на настан во Скопје

Влада Урошевиќ ќе ја чита својата поезија на настан во Скопје

пред 11 месеци

Годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Влада Урошевиќ, ќе ја чита својата поезија в среда во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во 18 часот.

За време на настанот, предвидено е студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” да презентираат препеви на неколку странски јазици.

Влада Урошевиќ е роден во Скопје, 17 октомври 1934. Тој е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Редовен член на МАНУ од 1997 година. Добитник е на голем број награди и признанија.

Share
Scroll to Top