ВЛЕН: ДУИ стравува од избори во Тетово и се обидува да ги избегне

ВЛЕН: ДУИ стравува од избори во Тетово и се обидува да ги избегне

пред 2 часа

ВЛЕН соопшти дека последната реакција на ДУИ, според нив, е доказ за „паниката што владее во нивните редови“, обвинувајќи ја партијата дека се обидува да политизира процесот за решавање на прашањето со имињата на улиците и плоштадите во Тетово.

Од ВЛЕН наведуваат дека проблемот со именувањето на улиците не е создаден од нив, туку претставува наследство од, како што велат, неодговорното владеење на ДУИ.

„Наместо да ја признаат одговорноста за сопствените пропусти, тие избираат да поттикнуваат тензии и да шират дезинформации“, се наведува во соопштението.

Од коалицијата истакнуваат дека остануваат посветени прашањето да се реши законски, институционално и во интерес на граѓаните на Тетово.

Според ВЛЕН, додека ДУИ организира протести и, како што велат, води пропаганда, тие работат на конкретни решенија и реализација на проекти што му се потребни на градот.

Во соопштението се осврнуваат и на протестите поврзани со правосудството, наведувајќи дека покрај тоа прашање се работи и на решавање на други проблеми.

„Протестираа за правосудството, но не само правосудството, туку и останатите проблеми ги решаваме. Протестираат за имињата на улиците – и тоа го решаваме. Нека не протестираат и за внатрепартиските проблеми, бидејќи и нив ќе им ги решиме“, порачуваат од ВЛЕН.

Од коалицијата оценуваат дека „времето на манипулациите завршило“ и дека Тетово заслужува работа, одговорност и конкретни резултати, а не политичка паника.

Share
Scroll to Top