Внуката на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, откри дека ѝ е дијагностицирана тешка и терминална болест

Внуката на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, откри дека ѝ е дијагностицирана тешка и терминална болест

пред 2 часа

Татијана Шлосберг, внуката на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, откри дека ѝ е дијагностицирана тешка и терминална болест, а лекарите ѝ соопштиле дека ѝ преостанува помалку од една година живот.

Татијана, ќерка на Каролин Кенеди (67) и дизајнерот Едвин Шлосберг (80), дознала за болеста во мај 2024 година, само неколку часа по раѓањето на нејзината ќерка.

Во текст за магазинот New Yorker таа напиша дека првично воопшто не ѝ било јасно дека лекарите зборуваат за неа:

„Не можев да поверувам. Не се чувствував болно. Напротив, се сметав за една од најздравите личности што ги познавав.“

По првата серија третмани, состојбата кратко време се подобрила, но потоа болеста се вратила.

Татијана поминала низ повеќе тешки терапии и повеќекратни интервенции, а учествувала и во експериментални програми, надевајќи се на било каква шанса.

„Во текот на последното испитување, мојот лекар ми рече дека можно е да ми продолжи животот уште една година. Тоа беше во јануари“, раскажува таа.

Во текстот, Татијана се осврнува и на долгогодишната низа трагедии кои ја следат семејната историја на Кенеди.

„Сега и јас додадов нова трагедија во животот на нашето семејство — и нема ништо што можам да направам за да го спречам тоа“, напиша таа.

Семејството Кенеди со децении е поврзувано со серија несреќи, трагедии и загуби — од атентатот врз Џон Ф. Кенеди, до смртта на бројни членови во несреќни околности.

Share
Scroll to Top