Во Египет откриени девет кипови на Меси, настанале пред 4300 години

Во Египет откриени девет кипови на Меси, настанале пред 4300 години

пред 2 години

Неодамна во Каиро се пронајдени девет статуи кои му припаѓаат на извесен Меси, маж кој живеел пред околу 4300 години. Името веднаш го поврзаа со фудбалерот Лионел Меси, па некои теоретичари на заговор отидоа дотаму што тврдат дека славниот аргентински фудбалер е реинкарнација на мажот кој живеел пред нашата ера.

За необичното откритие на научниците прв пишуваше аргентинскиот весник „Диарио оле“. Приказната потоа ја пренесоа и други странски медиуми, кои стигнаа до Захи Хавас, претседателот на групата која спроведува истражувања во Египет.

„За време на истражувањето во Египет, археолозите отидоа до скалестата пирамида Сакара. Речиси 15 метри под земја, пронајдоа древен саркофаг. Внатре имаше мумифицирано тело покриено со злато. Покрај телото, во близината најдовме и девет статуи, а според натписот на вратата од зградата, нивниот сопственик се викал Меси“, рекол Хавас.

Тој претходно ги објави статуите на својот инстаграм-профил.

„На истото место каде што ги најдовме статуите, имаше лажна врата на извесен Меси. Не на оној кој го освои Светското првенство, туку на друг маж со истото име. Овој Меси живеел пред околу 4300 години“, напиша Хавас.

Освен теоретичарите на заговор, за Меси кој живеел пред 4300 години пишуваа и корисниците на Твитер.

„Значи, Меси има 4300 години? Го имаме Меси уште неколку светски првенства“, „Пред 4300 години наместо Златна топка се доделуваа статуи. Тоа значи дека Меси освоил 16 Златни топки“, се шегуваат.

И покрај споредбите со славниот фудбалер и теориите на заговор, ова се смета за едно од низата неверојатни откритија во Египет.

Share
Scroll to Top