Во зависност од медиумите и соговорниците, во листата на најбезбедни земји во светот во случај на нов голем конфликт се вбројуваат и Данска, Чиле, Австралија, Бутан, Фиџи, Исланд, Швајцарија, Канада и неколку островски држави во Океанија
Данска е тука затоа што припаѓа на Гренланд, кој заедно со Антарктикот е меѓу најмалку населените делови на планетата. Иако студот е проблем како и потенцијалното освојување на крајбрежните делови на островот, експертите се согласуваат дека северниот брег и внатрешноста се безбедни за живот. Експертите се согласни и за Исланд.

Швајцарија е земја околу која се кршат копјата. Нејзината историја на неутралност, богатство и бројни бункери, се главните адути на приврзаниците кои ја сметаат оваа земја за безбедна зона. Но има и такви кои предупредуваат дека во случај на нуклеарна војна, без разлика каде таа ќе се води, на крајот катастрофата ќе ја стигне и оваа богата земја.
Меѓу поголемите проблеми кои би можеле да ја зафатат Швајцарија е снабдувањето со храна.
Да се преселиме малку од Европа во Азија. Малиот Бутан не е заинтересиран за премногу дипломатски односи со остатокот од светот и е земја која секогаш е на врвот на листата на најсреќните земји. Токму затоа за некои е идеалното решение во случај на Трета светска војна.
Иако е блиску до големите сили како што се Индија и Кина, сепак оваа мала земја не е зависна од нив, а жителите донекаде и се навикнати на изолација.
Истото важи и за Канада и Австралија. Иако се на 2-то и 6-то место по големина со нивните територии, тие се само 39-ти и 55-ти по бројот на жители. Експертите кои го разгледаа потенцијалот за преживување од Третата светска војна тврдат дека внатрешноста на овие земји, само поради големината на територијата, би можела да обезбеди безбедно засолниште.
За Канада е проблем само тоа што огромното мнозинство од нејзиното население живее долж границата со САД, каде што се сите нивни поголеми градови.

Чиле како адут ги има Андите кои може да претставуваат некаква заштита. Оваа земја изобилува и со храна и вода, а југот на земјата би обезбедил безбедно засолниште за нејзините жители.
Фиџи, Тувалу и Науру се исто така земји кои би биле погодни за престој за време на нуклеарна војна. Овие островски оази се далеку од местата каде би се одвивала војната. Не можат да се пофалат со минерали или ресурси кои се интересни за големите сили, па ако не ви пречи жешкото време и рибите, тогаш една од овие три земји е идеална за вас.

Сега кога ја поминавме листата на безбедни да видиме кои се небезбедни земји. Најлошите земји во кои можете да бидете во случај на нов светски конфликт се Северна Кореја, Авганистан, Хаити, Ирак, Сирија, Јужен Судан и Јемен.
Веројатно ви е повеќе од јасно зошто е тоа така. Повеќето од овие земји или штотуку излегле од внатрешни конфликти, или пак тие сè уште траат. Сите се меѓу најнесигурните и најсиромашните земји во светот, а во нив цвета и корупцијата.
Граѓаните се оставени сами на себе. И без Трета светска војна, жителите денес во нив немаат доволно храна, вода и лекови и тешко е да се замисли дека ситуацијата наеднаш ќе се подобри.

Што се однесува до земјите на Балканот, оваа област, се наоѓа некаде на средина на листата на земји по безбедност. Тоа што се наоѓа меѓу двете главни сили САД и Русија, не е најидеално, а тоа го покажуваат големите човечки загуби кои се случиле по двете сетски војни.
Сепак, и покрај големиот број проблеми Балканот сè уште се смета за подобро место од повеќето африкански и азиски земји во однос на животниот стандард и може да се каже дека е подобро место за криење во случај на Трета светска војна.