Мараја Рединг е еко уметница која на креативен начин го привлекува вниманието на проблемот со загадувањето на нашата планета.
Таа, имено, ги слика прекрасните пејзажи, но наместо платно, дрво или некоја друга традиционална површина за сликање, таа користи фрлени предмети кои ги нашла на крајбрежјето или во парковите на американскиот остров Маунт Дезерт, каде што се наоѓа нејзиниот дом.
Освен што прекрасно го отсликува ѓубрето, таа тоа го прави така што добиените уметнички дела совршено ги вклопува со позадината кога ги држи пред пределите кој ја инспириале.