Водител на „Си-ен-ен“ по 17 години кариера заработи отказ заради непристоен коментар за жените

Водител на „Си-ен-ен“ по 17 години кариера заработи отказ заради непристоен коментар за жените

пред 2 години

Водителот на „Си-ен-ен“, Дон Лемон, по 17 години кариера во телевизијата, заработи отказ заради непристоен коментар за жените. Водителот наводно добил отказ по обвинувањата дека ги малтреитрал колешките, а на „Твитер“ објави дека е шокиран од одлуката на медиумската куќа.

„Утрово агентот ме извести дека ми е прекинат договорот со „Си-ен-ен“ и бев шокиран. По 17 години работа мислев дека управата можеше да има малку пристојност и барем лично да ме извести. Ниту во еден момент немав никакво известување дека нема да бидам во можност да продолжам со работата“, рече Дон.

Од „Си-ен-ен“, на „Твитер“ ги демантираа неговите тврдења. Напишаа дека имал можност да се состане со управата, но наместо тоа, тој изјавата ја објавил на „Твитер“.

„Дон засекогаш ќе биде дел од семејството на „Си-ен-ен“ и му се заблагодаруваме за неговиот допринес во изминатите 17 години. Му посакуваме сè најдобро и го поддржуваме во неговите идни достигнувања“, стои во официјалното соопштение на телевизијата.

За потсетување, Лемон долго ја водеше програмата во најгледаниот вечерен термин, а од неодамна беше водител и на емисијата CNN This Morning. Тој се најде на мета на критики кога рече дека на жените постари од 50 години им поминало времето. Гледачите поради овој коментар побараа да биде отпуштен.

Share
Scroll to Top