Водителката Слаѓана Петрушиќ не е мртва, ја лажирала сопствената смрт

Водителката Слаѓана Петрушиќ не е мртва, ја лажирала сопствената смрт

пред 2 години

Откако утрово на социјалнтие мрежи се поајви веста дека водителката и поранешната учесничка во шоуто „Парови“, Слаѓана Петрушиќ, починала, од срцев идар, сега дојде уште подрамтична вест, дека е жива и ја лажирала сопствената смрт.

За потсетување на нејзините „Инстаграм“ и „Фејсбук“ профили се појави информација во која нејзиното семејство се прости од неа, а беше објавено и како ќе биде погребана.

„Бог има порака за сите и дека е крајно време сите да се сериозни. Медиумскиот молк заврши. Можеме повторно да играме“, рече Слаѓана, а објави порталот infomedia.hr.

Голем број од нејзините фанови коментираа дека ваквите шеги се неприфатливи и посочија дека отишла предалеку со ваквите шеги.

За потсетување, Слаѓана изминативе денови објавуваше лажни фотографии од болница и тврдеше дека доживеала страшна несреќа во која и биле скршени двете нозе. Фотографиите ги снимила од една британска веб-страница која известувала за страшната несреќа на една млада жена.

Извор: Мондо.рс

Почина водителката од реалното шоу „Парови“ Слаѓана Петрушиќ

 

Share
Scroll to Top