Возач на Итна помош сексуално злоставувал пациентка додека ја носел во болница

Возач на Итна помош сексуално злоставувал пациентка додека ја носел во болница

пред 3 години

Полицијата во Сурдулица, место во Србија, уапсила возач на Итна помош кој сексуално злоставувал пациентка додека ја возел во Болница.

Според обвинителот на Основното јавно обвинителство во Владичин Хан, Драгана Николиќ, пријавено е дека возачот за време на возењето полово ја нападнал пациентката и ја вознемирувал додека ја носел на дијализа во Здравствениот центар во Врање.

Откако го одбила тој и се извинил за тоа што го правел. Но и покрај извинувањето, таа уплакана и вознемирена им пренела на лекарите што ѝ се случило. Дежурниот лекар веднаш го пријавил случајот во полиција.

Според Николиќ обвинителстовот наредило собирање на информации, по што случајот ќе се квалификува како евентуално кривично дело.

 

Share
Scroll to Top