Откако непознати лица пукале во Рајан Фишер, мажот што ги чува кучињата на Лејди Гага, и украле две од нив, порталот „Ти-ем-зи“ објави снимка од нападот. Фишер бил застрелан околу 22 часот, четири пати со полуавтоматски пиштол. Фишер бил пренесен во болница и по операцијата се опоравува од прострелните рани.
На видеото од безбедносните камери, се гледа како двајцата напаѓачи доаѓаат до него, а потоа и пукаат во мажот, кој цело време бара помош.
„Ве молам, ме застрелаа, помогнете“, вели тој.
*SERIOUS* CW: Violence
Surveillance video shows moment Lady Gaga’s dogs were taken and her dog walker was shot. Viewer discretion is advised. pic.twitter.com/3IvcXB7PWI
— Def Noodles (@defnoodles) February 25, 2021
Напаѓачите веднаш се оддалечиле од местото на настанот.
Според „Ти-ем-зи“, соседот не сакал да го објави видеото од безбедносните камери, сè додека не стапил во контакт со Лејди Гага, која побарала видеото сепак да биде објавено за полицијата да може да ги најде сторителите. По напаѓачите сè уште се трага.
Лејди Гага понуди награда од половина милион долари за тој што ќе ѝ ги врати двата француски булдози што беа украдени во нападот.
На Лејди Гага ѝ ги украдоа кучињата, пејачката нуди 500.000 долари за да ги најде