Вработиле проститутка во воена база за да се сокријат од сопругите

Вработиле проститутка во воена база за да се сокријат од сопругите

пред 2 години

Научник за хиперсонични ракети во американското воздухопловство измамил еден од своите наддзорници ѝ го натерал да вработи проститука во базата за може да ѝ наплати за нејзините услуги без да дознае жена му.

Доктор Џејмс Горд е обвинет дека го измамил својот надзорник за да ја вработи 32 годишната сексуална работничка Аманда Ф. Савино.

Таа била вработена во тимот задолжен за развој на хиперсоничен млазен мотор и ракети во воздухопловната база Рајт Патерсон во близина на Дејтон, Охајо во 2017 година, пренесе Dejli Mejl.

Савино била некадарна и немала познавања од физика, инженерство, па брзо била откриена. Наместо да ги извршува задачите за што била ангажирана, го работела она што најдобро го знае.

Заработувала од сексуалните услуги кои им ги нудела на вработените. Еден од нив дури и платил 20.000 долари за да му го чисти станот гола пред него, а потоа да го почести со орален секс.

Кога заговорот почнал да се разоткрива, измамениот надзорник се обидел да ја отпушти. Тогаш Горд станал насилен и почнал да му се заканува дека ќе го убие и него и себе си, а на крајот проститутката ја префрлиле во друг оддел со плата од 150.000 долари годишно.

На лаптопот на Горд била најден и список од други 27 проститутки чии услуги ги користел додека бил во странство. Имало девојки од голем број земји кои биле непријателски настроени кон САД.

Горд кој на надзорникот му рекол дека не сака жена му и семејството да дознаат за аферата, починал под неразјаснети околности минатата година.

На потерницата која била пдонесена во декември 2019 година, било побарано пристап до неговиот мејл за да може да се докажат проневерите и злоупотребите со државен имот.

Тој бил обвинет и за лажни, фиктивни тврдења, етнички заплашувања, тешки закани и изнудувања на офицер и вработените во базата. Савино бил под истрага и поради лажни, фиктивни тврдења и проситуција во близина на воени и крајбрежни објекти.

 

Share
Scroll to Top