Марго Роби откри дека не била првиот избор за улогата на Барби. Актерката, која е и една од продуцентите на филмот, неодамна изјавила за „Вог“ дека и таа и режисерката Грета Гервиг сакале Гал Гадот да ја глуми Барби, но тоа не било можно поради густите распореди, пренесува НМЕ.
„Гал Гадот е енергијата на Барби. Таа е неверојатно убава, но не ја мразите затоа што е толку искрена и љубезна“, изјавила Марго Роби.
Во меѓувреме возврати и израелската актерка која рече дека е почестена што и е понудена улогата на Барби иако морала да ја одбие.
„Ја сакам Марго. Таа е една од оние жени со кои сакате да бидете пријатели. Таа е смешна, духовита, паметна и очигледно многу талентирана. Би сакала да работам со неа и трогната сум од она што таа го кажа за мене. Многу сум возбудена за неа и за филмот Барби“, истакнала Гал Гадот.