(Галерија) Благица Павловска славеше роденден, место џумбуш со чочек, торти со икони

(Галерија) Благица Павловска славеше роденден, место џумбуш со чочек, торти со икони

пред 2 години

Популарната фолк пејачка Благица Павловска вчера наполни 63 години.  Пејачката сподели фотографии од вчерашната атмоссфера и се пофали со подароците што ги добила. Повеќето од нив беа торти покриени со икони.

Павловска некогаш беше главна за чочеци, музики хитови во секс стил, но подоцна се сврти кон Бога. Своевремено таа беше Хаџипавловска, но подоцна го врати презимето во Павловска. Пејачката често говори за нејзината верба во Бога.

„Можеби за некого е смешно, ама јас разговарам со Бог“ – вели Благица и додава: „А, Бог ме слуша и фала му, до сега Бог ме заштитил во многу ситуации. Верувајте, да ја почувствуваш божјата љубов е привилегија. Но, со Бога не можеш да разговараш нервозен. Мора комплетно да го опуштиш телото, целиот организам, да имаш покајание и да му се обрати“, изјави таа во едно од своите интервјуа.

Меѓу гостите на прославата за нејзиниот роденден, беше и нејзината добра пријателка, водителката Лила Филиповска.

Share
Scroll to Top