(Галерија) Каролина имаше спектакуларен настап на МАС во Белград, а го доби и епитетот музичка убавица од Македонија

(Галерија) Каролина имаше спектакуларен настап на МАС во Белград, а го доби и епитетот музичка убавица од Македонија

пред 2 години

Поп-пејачката Каролина Гочева вечерва настапи на МАС музичките награди во „Шарк Арената“ во Белград.

Таа ја изведе песната „Од небо до дно“, но на српски јазик. Пејачката беше качена на висока платформа, додека долу на сцента ја придружуваа танчери, а во позадина настаот го надополнија светлосни ефекти.


Каролина пред настапот на сцената на МЕС, се појави на мес-карпет облечена во црн фустан како што налагаше и дрес кодот на музичото шоу. Фустанот на пејачката беше со деколте и го надополнила со накит во тиркизна боја, кој пејачката со усогласила со бојата на чевлите.

Водителот ја нарече „неприкоснована музичка убавица за Македонија“ и доби комплименти за нејзиниот изглед.

Каролина на сцената на МЕС се појави заедно со Петар Грашо кои и ја доделија наградата на Сајси ем си за најдобра рап хип хоп песна.

Водители напрвата вечер од најголемо регионално музичко случување МАС музичките награди беа Тончи Хуљиќ и Јелена Гавриловиќ која ја отвори манифестацијата  со сценско шоу на песната „Марија Магдалена“  од Дорис Драговиќ.

Музичката ѕвезда Сара Јо го имаше првиот настап кој изгледаше спектакуларно со кореогарфија, танчери и светлосни ефекти. Потоа настап имаше Аца Пејовиќ, Јелена Розга и Саша Матиќ, Констракта, Џенан Лончаровиќ.

МАС музичките награди се емитуваа во Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Македонија.

Утревечер (26-ти јануари) ќе се одржи и втората вечер од регионалниот музички спектакл МАС музичките награди.

Share
Scroll to Top