Кортни Кардашијан и Тревис Бакер споделија црно-бели фотографии од нивната свадба. Тие се венчаа минатата недела, а на прославата им беа нивни блиски пријатели и семејството.
„Додека смртта не нè раздели“, објавија двајцата на „Инстаграм“.
Кортни на венчавката носеше кратка венчаница со вел на главата, додека Тревис беше во црн костум. Со нив беа и нивните деца Ландон, Алабама, Масон, Пенелопе и Рејн. За кратко време двојката доби над 3 милиони лајкови, а многу од фановите им честитаа.
За потсетување, двојката наскоро планира да направи и голема венчавка во Италија.