Миа Костова, некогашната водителка, сега една од највлијателните инфлуенсерка славеше роденден. Наполни 38 години и правеше забавата за најблиските на која сите беа облечени во црно.
„ На цели 38, богатство е да ја наполниш масава со најблиските“, вели Миа и сподели дел од атмосферата во познатиот скопски локал каде што го славеше роденденот.

Блиски пријтели, по некоја позната фаца од јавниот живот, музика, торта и куп честитки на Инстаргам.
Миа е позната по тоа што секогаш го привлекува вниманието на јавноста. Ретко кога се воздржува да го каже она што го мисли. Неодамна во интревјуто во „Репортер“, ни рече: „Јас не можам да бидам поинаква, освен да си кажам што мислам. Искреноста некогаш скапо ме чини, ама ете не ми доаѓа памет“. Мајка е на 10 годишниот Андрија, за кој вели дека и го сменил животот и дека е најголемата радост која ја има.










