Откако пејачката Туна Сејдиу се разведе од сопругот Патрис Бериша, отиде на одмор со синовите во Дубаи. Дека се забавува таа покажа и со фотографиите и видеата што ги објавува на социјалните мрежи. Од ден поминат во пустина и сафари, преку прошетка во познатата градина Мирикл гарден, каде сè е направено од природно цвеќе, до вечера во познати ресторани.
„Со моите чудесни деца како да сум на небото“, напиша пејачката на една од сликите што ги објави на Инстаграм.
Пејачката доби комплименти дека изгледа совршено и дека арапското сонце ѝ годи, а и дека Тиан и Зен изгледаат како да уживаат.
За потсетување, Туна и косовскиот пејач Патрис се разведоа по скоро пет години брак. Ова е втор развод на пејачката, која претходно беше мажена за бизнисменот Рилинд Река, но и тој брак траеше кратко.
Се разведува Туна Сејдиу, пропадна и вториот брак на пејачката