(Галерија) - Политичарки, пејачки, дизајнерки се собраа на ревијата на Кокев за новата колекција

(Галерија) – Политичарки, пејачки, дизајнерки се собраа на ревијата на Кокев за новата колекција

пред 3 години

Поранешни министерки, познати тв лица, пејачки, манекенки беа гости на претставувањето на новата модна колекција за лето 2022 на модната дизајнерка Тања Кокев. На ревијата беше промовирана и новата линија на чевли со поптпис на Кокев.

dobivaj vesti na viber

Гости ан ревијата беа поранешните министерки за одбрана и култура, Радмила Шекеринска и Елизабета Камчевска Милевска, пејачката Тамара Тодевска, режиерот Дејан Пројковски, модната дизајнерка Јована Филиповиќ, водителката Живкица Каленикова.

„Идејата на колекцијата е да нè однесе преку креациите во едни нови простори, во еден пустински сон каде дури и времето е опипливо“, вели Кокев за новите модели.

Ревијата на Кокев беше изведена како претстава. Режијата е на Дејан Пројковски, сценографијата на Искра Јанковска-Михајловска, по кореографија на Олга Панго и музика на диџејката Соња Исмаил.











 

Share
Scroll to Top