(Галерија) Раскошна забава во бело за роденденот на Симона Поповска

(Галерија) Раскошна забава во бело за роденденот на Симона Поповска

пред 3 години

Пејачката Симона Поповска наполни 30 години, а роденденот го прослави дома со најблиските. Таа направи раскошна забава во бело, со многу бело-златни балони и торта во истиот стил со порака „Кралицата Симона“. Пејачката потоа објави неколку слики од забавата на социјалните мрежи, па напиша: „Многу сум благодарна за патот со кој ме благослови животот до сега. И сакам да ви се заблагодарам на сите што направивте да биде многу подобар. 30 никогаш не изгледале толку добро“.

Симона, која по професија е доктор-дерматолог, во моментов е на специјализација, па пеењето го стави во втор план. Таа направи кратка пауза од музиката, но пред Нова година објави празнична песна. Тогаш најави дека за кратко време ќе сними и друга песна, а дека ќе им се врати и на настапите во живо. Симона долго време настапуваше со диџеј Ерик Фокс, под името „Саунд месинџерс“.

Share
Scroll to Top