Четири месеци откако го роди синот Кирил, Сара Мејс се сликаше во долна облека за познат бренд. Фотосесијата ја направи неодамна, заедно со нејзиниот маж Димитар Атанасовски, а сликите деновиве ги објавува на социјалните мрежи.
„Ако внатрешниот глас ти вели дека не можеш да позираш, ти секако сликај се и со тоа ќе го замолчиш“, напиша Сара на една од сликите.
Пријателите велат дека пејачката и харфистка изгледа совршено и дека воопшто не се приметува дека неодамна се породила. Други, пак, ѝ напишаа дека е инспирација за жените и дека не треба да се срамат од своето тело дури и кога ќе имаат неколку килограми вишок.