(Галерија) Улична храна и многу музика: Скопје три дена живее во духот на светските метрополи

(Галерија) Улична храна и многу музика: Скопје три дена живее во духот на светските метрополи

пред 1 година

Фестивалот на храната „Skopje Street Food Festival“, веќе три дена е причината заради која скопјани се забавуваат со добра храна и музика во центарот на градот. И овие денови на едно место се собрани сите најдобри ресторани и бистроа за улична храна во Скопје, а тоа овозможува да се ужива во прекрасни ароми и богати вкусови.

Од највкусните италијански пици и паста, до мексикански такоси, американски бургери и многу други, залеано со вино, пиво и добра музика, е сликата на Скопје на паркингот на „Театар Комедија“.

Освен 15. учесници на фестивалот кои ќе се промовираат со свои штандови со храна, настап имаат и бендовите Session Selection, Day Off – The next Generation и In the Mood, како и специјалниот гостин, германско-американскиот DJ и продуцент DJ Pari и нашите диџеи Bojan Chakra и Double G.

Идејата е Скопје, како и секоја светска метропола, да има препознатлив фестивал на улична храна. Влезот е бесплатен. Фестивалот ќе трае уште утре кога ќе се завори со голема журка и многу музика.

А.Георгиев 

 

Share
Scroll to Top